30 октомври 2025 Александар Палас

Денови
Часови
Минути
Секунди

Добредојдовте на 11. FMCG SUMMIT!

FMCG Summit во минатите десет години прерасна во најголемиот трговски настан на македонскиот пазар. Обединувајќи го целиот малопродажен сектор, FMCG Summit претставува платформа за споделување на практики и искуства, едукација и вмрежување, мотивација за иновативност на секторот и реални примери за успех, раст и профит.
Не пропуштајте го 11 FMCG Summit!
11 FMCG Summit ви носи десет врвни говорници од Македонија, регионот и светот! 11 години по ред етаблираните говорници споделуваат практични искуства, инспиративни приказни, релевантни истражувања и конкретни совети што ќе го трансформираат вашиот пристап кон секојдневното работење.
На 30 октомври, бидете со најуспешните професионалци од FMCG-секторот.
Резервирајте го вашето место сега!

FMCG SUMMIT во Јадранскиот Регион низ бројки:

+ 0
УЧЕСНИЦИ
+ 0
КОМПАНИИ
+ 0
СПОНЗОРИ
+ 0
ГОВОРНИЦИ

ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ ЗА САМИТОТ

PER_1627-iskra.jpg

Искра Ветаџокоска

генерална менаџерка и косопственичка на „Виталиа“

FMCG Summit го доживувам како славење на иновацијата и соработката во нашата индустрија – место каде енергијата на амбициозни лидери ја поттикнува визијата за иднината. Тука не само што ги слушаме најновите трендови, туку и ги создаваме заедно: преку храбри идеи, вистински луѓе и вистински разговори кои отвораат пат кон нови можности и подобри решенија за пазарот. Овој самит го гледам како платформа што ни помага да ги предвидиме промените на пазарот и да бидеме чекор напред. Во време кога навиките на потрошувачите се менуваат побрзо од кога било, вакви настани се витални за да се поврзат производителите, трговците и иноваторите – сите со заедничка цел: да создадеме поодржлив, пофункционален и поконкурентен FMCG екосистем.

3.Sasko Samardzioski, Prilepska pivarnica

Сашко Самарџиоски

генерален директор на Прилепска пиварница

FMCG Summit претставува еден од најрелевантните професионални настани во нашиот сектор, кој успева на едно место да ги обедини клучните играчи од индустријата – производители, трговци, дистрибутери, маркетинг и продажни експерти. Во исто време, FMCG Summit е место каде што се инспирираме, размислуваме подалеку од секојдневието и се поврзуваме со луѓе кои делат слични цели: да создаваат вредност за потрошувачите и да го унапредуваат целокупниот квалитет во индустријата. За Прилепска Пиварница, ваквите настани се важни алатки за континуиран развој и позиционирање на нашите производи како дел од едно пошироко и посовремено FMCG опкружување. Она што го прави овој настан уникатен е отворената комуникација меѓу производители и трговци, нешто што честопати недостига во секојдневните оперативни односи. Сметам дека вакви форуми се клучни за градење доверба, разбирање и долгорочни партнерства, што на крајот придонесува кон посилен и поорганизиран трговски екосистем во Македонија.

RETAIL ПАРТНЕРИ

ПЛАТИНУМ СПОНЗОРИ

ЗЛАТНИ СПОНЗОРИ

СРЕБРЕН СПОНЗОР

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ

ГОВОРНИЦИ

Претседател на Бордот на Auchan Retail Magyarország (EX CEO Mercator, Fructal, Zito)

Директор  за маркетинг и истражување и развој во Neoplanta

Извршен директор на YouGov за Србија и Хрватска

Консултант за стоковно и материјално работење во PIS doo, Хрватска

HR Директор во Кола Група

Предавач и консултант (EX CEO на Bimilk)

Market Manager
Imperial Tobaco Polska

08:00 - 8:45

РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ

08:50 - 10:30

Верица Мартиновска – воведно обраќање

Бојан Стоевски – Репозиционирање за раст: промена на пазарниот модел со ценовната стратегија во фокусот

Во време на инфлација, променети потрошувачки навики и растечка конкуренција, ценовната стратегија станува клучна алатка за одржлив раст. Презентацијата прикажува како компаниите можат да го редефинираат својот пазарен модел преку внимателно репозиционирање и стратегиски пристап кон цените. Фокусот е на практични примери и искуства што покажуваат како правилната цена може да биде најсилен двигател на развојот.

Darko Krkać – Технологии кои ја менуваат малопродажбата

На 11. FMCG Summit, Дарко Кркач ќе претстави современи софтверски решенија за управување со електронски ознаки за цени (ESL), со акцент на нивната интеграција во системите на малопродажбата и нивните реални деловни придобивки. Ќе биде прикажано и решението PIS mobileBOOM, како и софтверот за аналитика на продажни податоци, кој овозможува подлабок увид во резултатите и поефикасно донесување одлуки.

Марина Михајловска – Од стратегија до резултати – Performance Management како движечка сила

Performance Management претставува повеќе од алатка за мерење резултати – тој е клучен механизам што овозможува стратегијата да остане релевантна, прилагодлива и ефективна во динамично опкружување. Стратегијата не е документ, туку начин на размислување и дејствување што се пренесува низ цели, бројки и одлуки. Презентацијата ќе покаже како преку KPI и улогата на менаџерите како имплементатори на стратегијата, се создава организациска култура на влијание, одговорност и континуиран раст. 

Roko Vodopija – Од план до профит: како компанијата да создаде повеќе од очекуваното

Во динамична деловна средина, вистинската разлика меѓу успехот и просечноста лежи во реализацијата. Презентацијата го истражува патот „од план до резултат“ – како компаниите можат да ги надминат сопствените очекувања преку јасна стратегија, ефективно лидерство и култура на одговорност. Дали секогаш ни треба менаџер, или вистински лидер?

10.30 - 11.00

Пауза за нетворкинг

11.00 - 12.25

Огнен Огненовски – Мапа на FMCG индустријата во С.Македонија

Презентацијата нуди јасна слика за состојбата и движењата во FMCG секторот во Македонија – од вкупниот број и структура на компании до нивните приходи, добивки и пазарни трендови. Ќе бидат прикажани најголемите и најбрзорастечки компании, како и податоци за профитабилноста, финансиската стабилност и трендовите во вработеноста. Анализата открива колку е динамичен секторот и што ја одредува неговата сила и одржливост.

Toni RončevićIn-store брендирање: Кога вниманието станува продажба

Во свет на пренатрупени пораки и ограничено внимание, вистинскиот момент на купување станува клучен за успех. Брендирањето во продавница е повеќе од визуелен впечаток – тоа е стратегија што ја води одлуката на потрошувачот. Презентацијата ќе покаже како ефективното in-store позиционирање, креативната комуникација и конзистентното присуство на брендот ја претвораат видливоста во продажба.

Драган Теодоровиќ  – Потрошувачките навики низ призма на глобалните и регионалните трендови

Потрошувачките навики се менуваат побрзо од кога било – под влијание на глобалните трендови, економските промени и новите вредности на локалните пазари. Како се однесуваат потрошувачите денес, што ги мотивира при изборот и како се создава лојалност во време на инфлација и дигитална преоптовареност?

Ова предавање ќе даде поглед на клучните глобални и регионални трендови што ја обликуваат иднината на FMCG пазарот и ќе даде насоки како компаниите да се приспособат на новата реалност на потрошувачот.

Александар Бајков и Aleksander Käfer  – Интелигентни дигитални цени – нова димензија на малопродажбата

Printec како доверлив технолошки партнер кој работи во 17 земји, ќе го презентира своето портфолио на иновативни решенија за дигитална трансформација во ритеил индустријата, со кои им помага на бизнисите да креираат нови кориснички искуства. Ќе го претстават и својот партнер Solum – компанија која обезбедува иновативни решенија за ESL технологијата. Преку успешни примери од европските пазари, ќе се прикаже како овие решенија ја зголемуваат ефикасноста на работењето и го унапредуваат искуството на купувачите.

Toni Balažič  – 7 митови за малопродажбата

Во денешниот свет на трговијата и FMCG-секторот, кој брзо се менува, многу менаџерски одлуки сè уште се засноваат на застарени уверувања и „правила“ што повеќе не функционираат. Ова предавање ги разобличува седумте најчести митови што често водат до краткорочни стратегии, неефикасни инвестиции или пропуштени можности. Преку практични примери и анализи засновани на податоци, говорникот ќе открие што навистина го движи успехот во трговијата и зошто преиспитувањето на тоа што „сите го знаеме“ може да биде првиот чекор кон помудар пораст.

12.25 - 13.25

Пауза за ручек

30 октомври е ден кој треба да го поминете со професионалците од секторот. Дојдете заедно со вашите колеги на еден ден посветен на едукација, нетворкинг и дружење.

Бидете дел од настанот на годината!

За 1 лице

219€

За 2 до 3 лица

209 €

За 4 до 6 лица

199 €

За 7 и повеќе

189 €

Цената за котизација вклучува: следење на сите предавања, ручек, кафе-паузи и торба со промо-материјали од спонзорите за едно лице.

Цените се без ДДВ.

ГАЛЕРИЈА

2023

2022

2021

2020

2019

2018

2017

2016

2015

Телефон: +389 2 3067 572

ОРГАНИЗИРАНО ОД

info@fmcg-summit.mk

About The Speaker

Тони Балажич

Претседател на Бордот на Auchan Retail Magyarország (EX CEO Mercator, Fructal, Zito)

Тони Балажич е претседател на Управниот одбор на Auchan Унгарија и еден од најистакнатите менаџери во малопродажбата и прехранбената индустрија во регионот. Со повеќе од 25 години врвно менаџерско искуство, успешно раководел со големи компании и ја обликувал нивната стратешка насока.

Пред да се приклучи на Auchan, Тони беше претседател на Управниот одбор на Mercator d.d. (2012–2017), каде што одигра клучна улога во трансформацијата на една од најголемите малопродажни групации во Југоисточна Европа. Претходно ги извршувал функциите претседател на Управниот одбор на Žito Group и на Fructal.

Кариерата ја започна во Spem d.o.o. како директор за развој на проекти, каде што ја основа и Лондонската школа за односи со јавност (LSPR Словенија) и беше нејзин прв директор. Подоцна работеше како маркетинг директор во Petrol и како консултант во A.T. Kearney.

About The Speaker

Саша Ќириќ

Директор за маркетинг и истражување и развој во Neoplanta

Саша Ќириќ е директор за маркетинг и развој во Neoplanta од 2019 година и искусен маркетинг експерт со повеќе од 15 години искуство во управување со брендови.

Најголемиот дел од својата кариера го поминал во Frikom како директор за маркетинг и развој, каде што работел на зајакнување на вредноста на богатото портфолио на брендови од областа на сладоледите и смрзнатата храна.

Како консултант, учествувал во проекти за капитализација на брендови, градење на бренд архитектура и развој на нови производи.

About The Speaker

Предраг Ќировиќ

Извршен директор на YouGov за Србија и Хрватска

Кариерата ја започнал во регионалното седиште на Kraft Foods (Mondelez) во Виена, во секторот Consumer Insight. Подоцна работел како истражувачки консултант во GfK Србија, а потоа ја презел функцијата менаџер на маркетинг во Eurobank Србија.

По три години повторно се приклучил на GfK, првично како директор на секторот за панели за домаќинства. Од 2019 година ја предводи компанијата, која денес функционира под брендот YouGov.

About The Speaker

Дарко Кркач

Консултант за стоковно и материјално работење во PIS doo, Хрватска

Дарко Кркач е консултант за стоковно-материјално работење во PIS d.o.o., каде што раководи со проекти, интеграции и аквизиција на нови корисници. Во текот на повеќе од 20 години кариера, работел во низа индустрии – од FMCG, прехранбена, текстилна и козметичка, па сѐ до информатичка и медиумска – стекнувајќи широко и практично искуство во бизнис процесите.

Тој е дипломиран инженер за патен сообраќај и логистика. Кариерата ја започнал во реалниот сектор, каде што го изминал патот од магационер до директор на логистика. Последните девет години се специјализирал за ИТ секторот, со фокус на WMS системи, магацинско и стоковно-материјално работење, набавка, големопродажба, малопродажба и производство.

Учествувал во бројни имплементации и дигитални трансформации за клиенти како што се Feroterm, Marjan Voće, Mikronis, Sancta Domenica / Big Bang, Studenac и многу други, преку соработка со компании како Agrokor / Fortenova Grupa (Tisak и A007), Styria (Večernji list, 24sata, Poslovni dnevnik), Tomsoft и PIS – Пословно информатички системи.

Дарко е познат по комбинацијата на богато теренско знаење, систематски пристап и способност за ефикасно водење проекти. Покрај долгогодишната практика, континуирано се усовршува на едукации од областа на ИТ, комуникацијата и менаџментот, со што дополнително го зајакнува квалитетот на имплементациите кои ги води.

About The Speaker

Марина Михајловска

HR Директор во Кола Група

Марина Михајловска е директор за општи работи и човечки ресурси во КОЛА Група, која веќе повеќе од 12 години ја трансформира HR-функцијата во стратешки двигател на бизнисот. Со воведување современи HR-практики и методологии и со имплементација на стратешки HR-процеси, успева да ја позиционира оваа функција на корпоративно ниво.

Правник по образование, таа е сертифициран Erickson Professional Coach и High Performance Team Coach од Erickson Coaching International, со бројни сертификации во областа на практични HR-алатки.

Нејзиниот фокус е развој на лидерските стилови и менаџерските вештини, како и зајакнување на корпоративните вредности, што резултира со мотивирани тимови и високи деловни перформанси.

Во 2022 година ја доби престижната награда „HR-менаџер на годината“ од Македонската асоцијација за човечки ресурси.

About The Speaker

Роко Водопија

Предавач и консултант (EX CEO на Bimilk)

Роко Водопија е истакнат менаџер и консултант со повеќе од 25 години докажан успех во водење и трансформирање на водечки компании низ Централна и Југоисточна Европа. Специјалист е за трансформација и оперативно унапредување на бизнисите во малопродажбата и FMCG секторот.

Во текот на својата кариера има извршувано највисоки лидерски позиции, меѓу кои и Генерален директор на Bimilk, каде што ја насочи компанијата кон лидерска позиција на пазарот, како и Претседател на Управниот одбор на Dinov – Diona, каде успешно го спроведе реструктурирањето и ревитализацијата на нивниот национален малопродажен синџир. Неговото менаџерско искуство го опфаќа и реномирани компании како TDR, Dukat и Pliva, а консултантската работа во A.T. Kearney, BDO и EY дополнително ја зајакна неговата стратешка и оперативна експертиза.

Освен консултантската практика, Водопија е активен предавач и едукатор, посветен на зајакнување на менаџерските тимови за да го постигнат целосниот потенцијал и да остварат одржливи резултати.

About The Speaker

Бојан Стоевски

генерален директор за Полска, Imperial Brands

Бојан Стоевски е стратегиски ориентиран лидер со повеќе од 13 години искуство во Imperial Brands, каде што водел трансформациски иницијативи и постигнал комерцијален пораст низ Централна и Источна Европа. Во моментов ја предводи најголемата CEE операција на компанијата во Полска, со над 300 вработени, две фабрики и два глобални хаба. Под негово водство, пазарот постигна 19% годишен пораст на оперативната добивка, значително зголемување на ангажманот на вработените и успешно лансирање на нови категории производи. Познат е по својата способност да води преку промени, да инспирира тимови и да испорачува резултати во динамични пазарни услови.

ПРИЈАВА