Придружете ни се на 9-тиот FMCG самит каде се спојуваат иновациите, соработката и успехот!
Со текот на годините, нашиот самит прерасна во непроценлива платформа за споделување искуства меѓу бизнисите кои целат кон раст, бараат инспирација и можности за вмрежување во FMCG секторот.
Зошто не смеете да го пропуштите овој настан?
Затоа што на 26 октомври, во хотел Александар Палас ќе имате шанса да ги чуете искуствата на најиновативните бизниси, воедно и најновите трендови во FMCG индустријата. Инспирирајте се од успешни приказни и дискусии кои отвораат нови хоризонти во бизнисот.
Не ја пропуштајте можностa да присуствувате во првите редови!
Резервирајте го вашето место ВЕДНАШ!
Горан Теменугов – модератор
Крешник Бектеши
Икица Павлоски
Климе Булоски
Бранко Азески
Заокружете го 26 октомври
во вашите деловни календари
и заедно со вашите колеги,
пријавете се за учество на
настанот на годината!
Телефон: +389 2 3067 572
ОРГАНИЗИРАНО ОД
info@fmcg-summit.mk
Виторија Гамбираси е маркетинг професионалец, бизнис консултант, член на Советодавниот одбор на HBR, предавач и гостин професор на 41 North Business School. Таа има импресивно академско портфолио за MBA менаџмент од Меѓународниот институт за развој на менаџмент (IMD), во Швајцарија и диплома за бизнис со оценка 110/110 од L. Bocconi, Италија.
Со повеќе од две децении меѓународно искуство, Виторија е повеќе од обичен маркетинг стратег. Таа успешно работела во динамично променливата маркетинг индустрија, дигитал и продажба во различни области, вклучувајќи стартапи, менаџмент едукацја, консултантство и корпоративни средини.
Нејзиното професионално искуство вклучува лидерски улоги како главен маркетинг директор на различни стартапи и како извршен директор во Accenture, каде ја предводела дигиталната маркетинг трансформација. Таа исто така оставила неизбришлива трага на институтот на кој се едуцирала. Претходно, поминала дванаесет значајни години во Nestle, каде што водела глобално градење на брендови, имплементирала глобални дигитални решенија и значајно придонела за италијанскиот пазар.
Таа исто така е коавтор на значајни студии за пресвртот и растот на Logitech, како и соработката на Logitech со Lifesize и оценувањето на Google од 2008 до 2011 година, сите објавени од Harvard Business Publishing Education.