FMCG Summit во минатите десет години прерасна во најголемиот трговски настан на македонскиот пазар. Обединувајќи го целиот малопродажен сектор, FMCG Summit претставува платформа за споделување на практики и искуства, едукација и вмрежување, мотивација за иновативност на секторот и реални примери за успех, раст и профит.
Не пропуштајте го 11 FMCG Summit!
11 FMCG Summit ви носи десет врвни говорници од Македонија, регионот и светот! 11 години по ред етаблираните говорници споделуваат практични искуства, инспиративни приказни, релевантни истражувања и конкретни совети што ќе го трансформираат вашиот пристап кон секојдневното работење.
На 30 октомври, бидете со најуспешните професионалци од FMCG-секторот.
Резервирајте го вашето место сега!
Верица Мартиновска – воведно обраќање
Бојан Стоевски – Репозиционирање за раст: промена на пазарниот модел со ценовната стратегија во фокусот
Во време на инфлација, променети потрошувачки навики и растечка конкуренција, ценовната стратегија станува клучна алатка за одржлив раст. Презентацијата прикажува како компаниите можат да го редефинираат својот пазарен модел преку внимателно репозиционирање и стратегиски пристап кон цените. Фокусот е на практични примери и искуства што покажуваат како правилната цена може да биде најсилен двигател на развојот.
Darko Krkać – Технологии кои ја менуваат малопродажбата
На 11. FMCG Summit, Дарко Кркач ќе претстави современи софтверски решенија за управување со електронски ознаки за цени (ESL), со акцент на нивната интеграција во системите на малопродажбата и нивните реални деловни придобивки. Ќе биде прикажано и решението PIS mobileBOOM, како и софтверот за аналитика на продажни податоци, кој овозможува подлабок увид во резултатите и поефикасно донесување одлуки.
Марина Михајловска – Од стратегија до резултати – Performance Management како движечка сила
Performance Management претставува повеќе од алатка за мерење резултати – тој е клучен механизам што овозможува стратегијата да остане релевантна, прилагодлива и ефективна во динамично опкружување. Стратегијата не е документ, туку начин на размислување и дејствување што се пренесува низ цели, бројки и одлуки. Презентацијата ќе покаже како преку KPI и улогата на менаџерите како имплементатори на стратегијата, се создава организациска култура на влијание, одговорност и континуиран раст.
Roko Vodopija – Од план до профит: како компанијата да создаде повеќе од очекуваното
Во динамична деловна средина, вистинската разлика меѓу успехот и просечноста лежи во реализацијата. Презентацијата го истражува патот „од план до резултат“ – како компаниите можат да ги надминат сопствените очекувања преку јасна стратегија, ефективно лидерство и култура на одговорност. Дали секогаш ни треба менаџер, или вистински лидер?
Огнен Огненовски – Мапа на FMCG индустријата во С.Македонија
Презентацијата нуди јасна слика за состојбата и движењата во FMCG секторот во Македонија – од вкупниот број и структура на компании до нивните приходи, добивки и пазарни трендови. Ќе бидат прикажани најголемите и најбрзорастечки компании, како и податоци за профитабилноста, финансиската стабилност и трендовите во вработеноста. Анализата открива колку е динамичен секторот и што ја одредува неговата сила и одржливост.
Toni Rončević – In-store брендирање: Кога вниманието станува продажба
Во свет на пренатрупени пораки и ограничено внимание, вистинскиот момент на купување станува клучен за успех. Брендирањето во продавница е повеќе од визуелен впечаток – тоа е стратегија што ја води одлуката на потрошувачот. Презентацијата ќе покаже како ефективното in-store позиционирање, креативната комуникација и конзистентното присуство на брендот ја претвораат видливоста во продажба.
Драган Теодоровиќ – Потрошувачките навики низ призма на глобалните и регионалните трендови
Потрошувачките навики се менуваат побрзо од кога било – под влијание на глобалните трендови, економските промени и новите вредности на локалните пазари. Како се однесуваат потрошувачите денес, што ги мотивира при изборот и како се создава лојалност во време на инфлација и дигитална преоптовареност?
Ова предавање ќе даде поглед на клучните глобални и регионални трендови што ја обликуваат иднината на FMCG пазарот и ќе даде насоки како компаниите да се приспособат на новата реалност на потрошувачот.
Александар Бајков и Aleksander Käfer – Интелигентни дигитални цени – нова димензија на малопродажбата
Printec како доверлив технолошки партнер кој работи во 17 земји, ќе го презентира своето портфолио на иновативни решенија за дигитална трансформација во ритеил индустријата, со кои им помага на бизнисите да креираат нови кориснички искуства. Ќе го претстават и својот партнер Solum – компанија која обезбедува иновативни решенија за ESL технологијата. Преку успешни примери од европските пазари, ќе се прикаже како овие решенија ја зголемуваат ефикасноста на работењето и го унапредуваат искуството на купувачите.
Toni Balažič – 7 митови за малопродажбата
Во денешниот свет на трговијата и FMCG-секторот, кој брзо се менува, многу менаџерски одлуки сè уште се засноваат на застарени уверувања и „правила“ што повеќе не функционираат. Ова предавање ги разобличува седумте најчести митови што често водат до краткорочни стратегии, неефикасни инвестиции или пропуштени можности. Преку практични примери и анализи засновани на податоци, говорникот ќе открие што навистина го движи успехот во трговијата и зошто преиспитувањето на тоа што „сите го знаеме“ може да биде првиот чекор кон помудар пораст.
Primož Hvala – Маратон или спринт? Победнички mindset во продажбата
Продажбата не е трка на брзина, туку на издржливост. Како и во маратон, успехот бара стратегија, фокус и правилен мајндсет. Што им е заедничко на најуспешните продавачи и на најистрајните маратонци – и како да го развиеме тој победнички став што нè води до резултати, без оглед на предизвиците?
Дуел: Saša Ćirić & Predrag Ćirović – Philip Kotler vs Byron Sharp, двајцата најистакнати теоретичари во маркетингот… кој е во право?
Двајца од највлијателните маркетинг теоретичари со спротивставени гледишта за тоа како се гради бренд и како се постигнува раст. Kotler го брани класичниот пристап – сегментација, позиционирање и вредност за потрошувачот, додека Sharp ја промовира идејата за масовен маркетинг, ментална и физичка достапност и раст преку нови купувачи. Дебата што ќе покаже кој модел подобро одговара на реалноста на FMCG пазарот денес.
ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА – Дисконтизацијата на малопродажбата – крај на старите правила?
Алма Растодер – Модератор
Трајче Цветановски – Генерален директор на Кам Маркет
Климе Булоски – Генерален директор на Gemak Trade
Ѓорѓи Петрушев – Генерален директор на Млекара АД Битола
Дисконтизацијата веќе не е тренд, туку процес што го менува ликот на македонската малопродажба. Домашните дисконтери брзо го редефинираа пазарот со фокус на цената и ефикасноста, а најавените нови формати само го забрзуваат тој процес.
Дали ова е крајот на старите правила во FMCG трговијата, или почеток на поефикасен, поконкурентен пазар? Панелот ќе ги отвори сите прашања што денес ја обликуваат иднината на малопродажбата – од локална перспектива, но со регионален контекст.
Наши херои и најдобри менаџери за набавка.
Извлекување на добитниците од наградната игра
30 октомври е ден кој треба да го поминете со професионалците од секторот. Дојдете заедно со вашите колеги на еден ден посветен на едукација, нетворкинг и дружење.
Бидете дел од настанот на годината!
Цената за котизација вклучува: следење на сите предавања, ручек, кафе-паузи и торба со промо-материјали од спонзорите за едно лице.
Цените се без ДДВ.
Телефон: +389 2 3067 572
ОРГАНИЗИРАНО ОД
info@fmcg-summit.mk
Тони Балажич е претседател на Управниот одбор на Auchan Унгарија и еден од најистакнатите менаџери во малопродажбата и прехранбената индустрија во регионот. Со повеќе од 25 години врвно менаџерско искуство, успешно раководел со големи компании и ја обликувал нивната стратешка насока.
Пред да се приклучи на Auchan, Тони беше претседател на Управниот одбор на Mercator d.d. (2012–2017), каде што одигра клучна улога во трансформацијата на една од најголемите малопродажни групации во Југоисточна Европа. Претходно ги извршувал функциите претседател на Управниот одбор на Žito Group и на Fructal.
Кариерата ја започна во Spem d.o.o. како директор за развој на проекти, каде што ја основа и Лондонската школа за односи со јавност (LSPR Словенија) и беше нејзин прв директор. Подоцна работеше како маркетинг директор во Petrol и како консултант во A.T. Kearney.
Саша Ќириќ е директор за маркетинг и развој во Neoplanta од 2019 година и искусен маркетинг експерт со повеќе од 15 години искуство во управување со брендови.
Најголемиот дел од својата кариера го поминал во Frikom како директор за маркетинг и развој, каде што работел на зајакнување на вредноста на богатото портфолио на брендови од областа на сладоледите и смрзнатата храна.
Како консултант, учествувал во проекти за капитализација на брендови, градење на бренд архитектура и развој на нови производи.
Кариерата ја започнал во регионалното седиште на Kraft Foods (Mondelez) во Виена, во секторот Consumer Insight. Подоцна работел како истражувачки консултант во GfK Србија, а потоа ја презел функцијата менаџер на маркетинг во Eurobank Србија.
По три години повторно се приклучил на GfK, првично како директор на секторот за панели за домаќинства. Од 2019 година ја предводи компанијата, која денес функционира под брендот YouGov.
Дарко Кркач е консултант за стоковно-материјално работење во PIS d.o.o., каде што раководи со проекти, интеграции и аквизиција на нови корисници. Во текот на повеќе од 20 години кариера, работел во низа индустрии – од FMCG, прехранбена, текстилна и козметичка, па сѐ до информатичка и медиумска – стекнувајќи широко и практично искуство во бизнис процесите.
Тој е дипломиран инженер за патен сообраќај и логистика. Кариерата ја започнал во реалниот сектор, каде што го изминал патот од магационер до директор на логистика. Последните девет години се специјализирал за ИТ секторот, со фокус на WMS системи, магацинско и стоковно-материјално работење, набавка, големопродажба, малопродажба и производство.
Учествувал во бројни имплементации и дигитални трансформации за клиенти како што се Feroterm, Marjan Voće, Mikronis, Sancta Domenica / Big Bang, Studenac и многу други, преку соработка со компании како Agrokor / Fortenova Grupa (Tisak и A007), Styria (Večernji list, 24sata, Poslovni dnevnik), Tomsoft и PIS – Пословно информатички системи.
Дарко е познат по комбинацијата на богато теренско знаење, систематски пристап и способност за ефикасно водење проекти. Покрај долгогодишната практика, континуирано се усовршува на едукации од областа на ИТ, комуникацијата и менаџментот, со што дополнително го зајакнува квалитетот на имплементациите кои ги води.
Марина Михајловска е директор за општи работи и човечки ресурси во КОЛА Група, која веќе повеќе од 12 години ја трансформира HR-функцијата во стратешки двигател на бизнисот. Со воведување современи HR-практики и методологии и со имплементација на стратешки HR-процеси, успева да ја позиционира оваа функција на корпоративно ниво.
Правник по образование, таа е сертифициран Erickson Professional Coach и High Performance Team Coach од Erickson Coaching International, со бројни сертификации во областа на практични HR-алатки.
Нејзиниот фокус е развој на лидерските стилови и менаџерските вештини, како и зајакнување на корпоративните вредности, што резултира со мотивирани тимови и високи деловни перформанси.
Во 2022 година ја доби престижната награда „HR-менаџер на годината“ од Македонската асоцијација за човечки ресурси.
Роко Водопија е истакнат менаџер и консултант со повеќе од 25 години докажан успех во водење и трансформирање на водечки компании низ Централна и Југоисточна Европа. Специјалист е за трансформација и оперативно унапредување на бизнисите во малопродажбата и FMCG секторот.
Во текот на својата кариера има извршувано највисоки лидерски позиции, меѓу кои и Генерален директор на Bimilk, каде што ја насочи компанијата кон лидерска позиција на пазарот, како и Претседател на Управниот одбор на Dinov – Diona, каде успешно го спроведе реструктурирањето и ревитализацијата на нивниот национален малопродажен синџир. Неговото менаџерско искуство го опфаќа и реномирани компании како TDR, Dukat и Pliva, а консултантската работа во A.T. Kearney, BDO и EY дополнително ја зајакна неговата стратешка и оперативна експертиза.
Освен консултантската практика, Водопија е активен предавач и едукатор, посветен на зајакнување на менаџерските тимови за да го постигнат целосниот потенцијал и да остварат одржливи резултати.
Бојан Стоевски е стратегиски ориентиран лидер со повеќе од 13 години искуство во Imperial Brands, каде што водел трансформациски иницијативи и постигнал комерцијален пораст низ Централна и Источна Европа. Во моментов ја предводи најголемата CEE операција на компанијата во Полска, со над 300 вработени, две фабрики и два глобални хаба. Под негово водство, пазарот постигна 19% годишен пораст на оперативната добивка, значително зголемување на ангажманот на вработените и успешно лансирање на нови категории производи. Познат е по својата способност да води преку промени, да инспирира тимови и да испорачува резултати во динамични пазарни услови.
Огнен Огненоски е основач и извршен директор на Бизнис Мрежа, водечка платформа за деловна интелигенција и финансиски анализи во Македонија. Со повеќе од 12 години искуство во бонитетна аналитика и управување со податоци, тој изгради најголема корпоративна база во државата, која денес ја користат над 1.500 компании и институции. Сериски претприемач и експерт за деловна интелигенција и економски анализи, Огнен е препознаен како еден од водечките гласови за развој на корпоративната транспарентност и стратегиско донесување одлуки во Македонија.
Драган Теодоровиќ е директор на одделот за малопродажба за Адриа Регионот во NielsenIQ (NIQ), каде што раководи со стратешки проекти и соработува со сите водечки трговци во регионот. Кариерата ја почнал во NIQ пред 20 години, а денес, со ист ентузијазам и богато искуство, успешно раководи со тимови низ целиот Адриа Регион. Во текот на годините, имал можност да соработува со најголемите трговци во регионот и да води проекти што им помогнале на клиентите при донесувањето стратешки одлуки и подобро разбирање на потрошувачите и нивните навики. Неговото разбирање на пазарните случувања и искуството што го има во FMCG-индустријата, го прават вистински соговорник кога станува збор за малопродажбата и потрошувачите.
Тони Рончевиќ е извршен директор со богато искуство во малопродажба, инвестиции и корпоративна трансформација низ Централна и Источна Европа. Во текот на својата кариера бил на високи лидерски позиции во компании како Agrokor, Intersport и Mandis, успешно водејќи проекти за аквизиции, интеграции и оптимизација, кои донеле мерливи финансиски и оперативни резултати. Има одиграно клучна улога во процесот на аквизиција и интеграција на Mercator од страна на Agrokor, управувајќи со синергиски проекти на повеќе пазари, а подоцна придонел и за порастот и профитабилноста на Intersport во Хрватска и Србија. Неговата експертиза опфаќа стратешко планирање, спојувања и аквизиции, работење во малопродажбата и водење мултидисциплинарни тимови. Тони е препознатлив по својот аналитички начин на размислување, колаборативен пристап и способност да води одржливи бизнис-трансформации во динамични средини.
Примож Хвала има повеќе од 25 години богато искуство во продажба, како и во соработка со професионалци за продажба од различни индустрии. Тој им овозможува на продавачите да ги трансформираат своите продажни пристапи и ги поддржува менаџерите за продажба во ефективно раководење и мотивирање на своите тимови. Во последните години, неговиот фокус е насочен кон управување со продажба, како и развој и имплементација на иновативни продажни техники и стратегии. Клучните области на неговата експертиза вклучуваат зголемување на продажната ефикасност, управување со промени во продажните мрежи, коучинг на менаџери и лидери на продажни тимови, како и проценка и развој на лидерски и продажни потенцијали кај поединци. Исто така, тој врши обуки на продавачи во различни области со цел унапредување на нивните вештини и резултати. Примож е предавач на Cotrugli Business School, каде што го води предметот Управување со продажба во класичните и извршните MBA програми во Загреб, Белград и Софија. Дополнително, тој е асистент на курсот Управување со продажба на Економскиот факултет. Во последната година, Примож обезбедил консултантски услуги и менаџментски/продажни обуки за значајни клиенти како BMW, Iveco, NLB Montenegro, Sanolabor, Styer, Telelink Sofia, Telemach и други. Тој е и програмски менаџер на престижните конференции како Sales Summit, Sales and Marketing on Shelves, словенечките маркетинг конференции, како и Marketing Summit во Белград и Сараево.
Александар е дипломиран бизнис-економист со повеќе од 30 години искуство во малопродажба, на местото на продажба (Point of Sale). Тој е вклучен во развојот и пазарното лансирање на електронските ценовни етикети ePaper уште од нивните почетоци, речиси 15 години. Во својата улога како Senior Sales Manager, се грижи за големи малопродажни компании како REWE Group, како и за водечки интеграциони партнери како PRINTEC во DACH и Балканскиот Регион.
Александар е раководител на Printec Group за Северна Македонија, каде што води тим кој обезбедува иновативни технолошки решенија за дигитална трансформација, автоматизација и платежни технологии, со главен фокус на финансискиот и малопродажниот сектор. Со повеќе од 30 години професионално искуство, тој работел на дигитални решенија што ги модернизираат и автоматизираат деловните процеси за водечки клиенти низ регионот. Денес соработува со најголемите банки и синџири маркети во Македонија, имплементирајќи напредни решенија од Printec Group во партнерство со глобални компании како NCR, Verifone, Microsoft и IBM. Неговото силно искуство во областа на ентерпрајз решенија, управување со партнери и деловен пораст го прави стратешки лидер фокусиран на поттикнување иновации и создавање долгорочна вредност за клиентите.