Денови
Часови
Минути
Секунди

FMCG Summit веќе 12 години е централното место за поврзување на лидери, компании и професионалци што го движат FMCG секторот во Македонија и регионот. Она што започна како професионален настан за размена на искуства, денес е препознатлива бизнис платформа каде што се отвораат најважните прашања за иднината на трговијата, дистрибуцијата, производството, технологијата, потрошувачите и развојот на брендовите.

FMCG Summit ги обединува носителите на индустријата – производители, трговци, дистрибутери, маркетинг и sales експерти, data и retail professionals, како и компании што ги креираат новите стандарди и трендови на пазарот. Во време на брзи промени, дигитална трансформација и нови потрошувачки навики, самитот претставува простор за вистински разговори, релевантни анализи, практични искуства и идеи што носат реална деловна вредност.

На 29 октомври 2026 година, во Скопје, 12 FMCG Summit повторно ќе ги собере највлијателните професионалци од индустријата — за нови перспективи, нови партнерства и нова визија за иднината на FMCG индустријата.

FMCG SUMMIT во Јадранскиот Регион низ бројки:

+ 0
УЧЕСНИЦИ
+ 0
КОМПАНИИ
+ 0
СПОНЗОРИ
+ 0
ГОВОРНИЦИ

ПРОФЕСИОНАЛЦИТЕ ЗА САМИТОТ

ZUHRA-2 Topaz Gigapixel 2x scale

Зухра Искендерлер - раководител на дистрибутивниот сектор „Даути комерц“

„FMCG SUMMIT и оваа година се потврди како водечка регионална платформа за споделување искуства, идеи и најдобри практики во секторот. Темата за потрошувачките навики низ призмата на глобалните и регионалните трендови беше исклучително актуелна и понуди вредни насоки за идниот развој на пазарот.

Презентациите беа содржајни, со јасни пораки за важноста на адаптацијата кон новите трендови и дигиталната трансформација. Особено се издвојува можноста за директна комуникација меѓу трговците и производителите, што го прави самитот уникатен по својата деловна вредност.

Со задоволство можам да истакнам дека секој FMCG SUMMIT носи нова енергија, мотивација и инспирација – причини поради кои со гордост сум дел од него веќе 11 години по ред.“

Poleksena-Jankulovska-3-482-x-637-

Полексена Јанкуловска - регионален маркетинг-менаџер „Млекара АД Битола“

„FMCG SUMMIT веќе 11 години претставува уникатен настан кој со право се смета за „must-attend“ за сите што се дел од FMCG-индустријата. Од аспект на слушател и гостин, можам да кажам дека ова е конференција што секогаш инспирира – и со тематиките што ги опфаќа и со внимателно одбраните предавачи кои носат релевантни и применливи искуства.

Но, можеби најголемата вредност на самитот е можноста за вмрежување – ретка прилика да се сретнеме со колегите од индустријата во опуштена атмосфера, да размениме искуства, идеи и често да договориме одлични заеднички иницијативи.

Овој настан секоја година потсетува колку е важно професионалното поврзување и заедничкиот раст.“

natalija

Наталија Караманова - кey аccount и трејд маркетинг менаџер за пијалаци, „Атлантик трејд“

„11 FMCG SUMMIT беше професионално осмислен и одлично организиран настан, кој остави силен позитивен впечаток како еден од најрелевантните собири за FMCG-индустријата во регионот. Содржината беше квалитетна, актуелна и целосно усогласена со трендовите и предизвиците со кои се соочува индустријата денес.

Особено би го издвоила внимателниот избор на говорници, добро структурираната програма и можноста за професионално вмрежување и размена на искуства со партнери, дистрибутери и компании од FMCG-секторот.

Настанот понуди прецизен и корисен увид во промените на потрошувачкото однесување, како и во можностите за понатамошен развој и раст на пазарот.

Честитки за професионализмот, посветеноста и позитивната енергија со која беше организиран овој самит.“

RETAIL PARTNERS

DIAMOND SPONSOR

PLATINUM SPONSOR

GOLD SPONSORS

АВТО ПАРТНЕР

SILVER SPONSORS

СРЕБРЕНИ СПОНЗОРИ

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ

ГОВОРНИЦИ

Boris Planer

Амбасадор на 
World Retail Congress

Igor Jokić

Business Support Manager
Ex Henkel, Philip Morris, Nelt

Огнен Огненоски

Основач и извршен директор на
Бизнис Мрежа​

Ненад Николовски

Business Transformation Expert
Ex P&G, L’Оreal, Baby Food Factory, Nelt

KEYNOTE SPEAKER

Ray Gaul

CEO
Retail Cities

Лазар Ѓуров

Основач и водечки консултант и обучувач
во Институт СИМБИОТИКА

Полексена Јанкуловска

Regional Marketing Manager,
Imlek Group | Bimilk

KEYNOTE SPEAKER

Prof. Dr. Andrej Vizjak

Основач и CEO
на АВ.consulting

Milica Živadinović

Client Service Executive
NielsenIQ

ПРОГРАМА

08:00 - 8:45

РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ

08:50 - 10:45

Верица Мартиновска – воведно обраќање

Ray Gaul
 – НОВИ ПРАВИЛА во малопродажбата во Европа Кој денес победува и зошто?

Што ги издвојува најуспешните европски трговци и кои модели денес носат најдобри резултати? Фокусот ќе биде на оперативната ефикасност и конкретните практики што можат да се применат и на нашиот пазар.

Milica Živadinović – THE GROWTH PATH Како иновациите, цената и потребите на потрошувачите го обликуваат растот

Каде се можностите за раст на FMCG-пазарот денес? Низ анализа на актуелните податоци за македонскиот пазар, регионалните трендови и промените во навиките на потрошувачите, предавањето ќе покаже што денес го движи изборот и потрошувачката.

Igor Jokić – COMMERCIAL EXCELLENCE: Од стратегија до реализација

Што ги разликува компаниите што успешно ги реализираат своите стратегии од оние што остануваат само на планови? Предавањето ќе покаже како преку ефикасна организација, јасни процеси, развој на продажните тимови и фокус на купувачите, добрата стратегија се претвора во мерливи и одржливи резултат

10.45 - 11.15

Пауза за нетворкинг

11.15 - 12.40

Лазар Ѓуров – НЕМА ЛУЃЕ ИЛИ НЕ Е ТОА ПРОБЛЕМОТ? Зад кризата со таленти се крие нешто подлабоко.

Можат ли вредностите и growth mindset-от да се мерат и развиваат? И можеме ли, наместо постојано да бараме „подобри луѓе“, да изградиме организации во кои луѓето стануваат подобри?

Ненад Николовски – CATEGORY REINVENTION: From Commodity to Value – Creating New Growth in FMCG

Како се создава нова вредност во категориите и што е потребно за нивна успешна ревитализација? Која е улогата на unique selling proposition, иновациите и новите FMCG трендови во развојот на постојните и креирањето нови категории. Ќе бидат опфатени и go-to-market стратегиите – како новата вредност да се претвори во релевантна понуда и за потрошувачот и за трговецот.

Boris Planer  – ИДНИНАТА НА РАСТОТ: Како ќе изгледа малопродажбата што победува?

Како новите формати, технологиите и промените во однесувањето на потрошувачите ќе ја обликуваат малопродажбата во следните години? Предавањето ќе ги разгледа трендовите и стратешките одлуки што ќе ги определат идните победници на пазарот.

12.40 - 13.40

Пауза за ручек

13.40 - 14.45

Огнен Огненоски – FMCG X-RAY 2026 Што откриваат податоците зад индустријата?

Што се случува кога целата FMCG индустрија ќе ја погледнеме низ податоци? Од големата слика до сигналите скриени длабоко во бројките – преку финансиски, деловни и пазарни податоци и AI анализа ќе ги откриеме трендовите, патерните и компаниите што го менуваат секторот. Не само каде е FMCG денес, туку што ни откриваат податоците за она што следува.

Полексена Јанкуловска – ОД ГРАДЕЊЕ БРЕНДОВИ ДО ГРАДЕЊЕ БИЗНИС Новата улога на маркетингот во FMCG

Од управување со брендови и категории, маркетингот прераснува во функција со многу поширока одговорност – за развој на портфолиото, иновации, нови пазари и бизнис раст. Што денес се очекува од маркетинг лидерите и каде завршува градењето бренд, а започнува градењето бизнис

Andrej Vizjak  – ВЛИЈАНИЕТО НА AI ВРЗ FMCG ИНДУСТРИЈАТА

Предавањето ќе покаже како вештачката интелигенција ја трансформира FMCG индустријата и малопродажбата, со осврт на можностите за нејзина примена во различни сектори. Преку конкретна студија на случај ќе биде прикажано како примената на AI во набавките може значително да ја зголеми профитабилноста на компаниите.

15.00 - 15.30

Пауза за нетворкинг

13.40 - 14.45

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА  – КОГА ПОВЕЌЕ СТАНУВА ПРЕМНОГУ? Иновации без крај. Полици со лимит. Колку „повеќе“ носи профит?

Дали повеќе производи на полиците навистина значат и поголема продажба? Панелот ќе ја отвори дебатата за пренатрупаниот асортиман, исплатливоста на иновациите и сè посилната конкуренција од приватните трговски марки. Кој ќе го задржи своето место на полицата и што ќе одлучува за успехот на брендовите во иднина?

Алма Растодер, модератор

TBA

TBA

TBA

29 октомври е ден што треба да го поминете со професионалците од секторот. Дојдете заедно со вашите колеги на еден ден посветен на едукација, нетворкинг и дружење.

Бидете дел од настанот на годината!

За 1 лице

229€

За 2 до 3 лица

219 €

За 4 до 6 лица

209 €

За 7 и повеќе

199 €

Цените на котизациите се за едно лице. Во цената е вклучено следење на сите предавања, кафе-паузи, ручек и торба со промотивни материјали од спонзорите. 

 Цените се без ДДВ.

ГАЛЕРИЈА

2022

2021

2020

2018

2019

2017

2016

2015

Телефон: +389 2 3067 572

ОРГАНИЗИРАНО ОД

info@fmcg-summit.mk

About The Speaker

Boris Planer

Top Retail Expert 2026 (RETHINK Retail) | FMCG и експерт за потрошувачки трендови Амбасадор на World Retail Congress

Што ќе слушнеме?

Предавањето се фокусира на клучните промени во FMCG и малопродажбата: нови деловни модели, развој на формати и промени во однесувањето на потрошувачите. Посебен акцент е ставен на дигитализацијата и притисокот врз куповната моќ, со анализа на одлуките што ги разликуваат успешните компании од оние што стагнираат. Преку конкретни примери од Европа, Азија и Латинска Америка, учесниците ќе добијат увид во стратегиите за долгорочен раст.

За говорникот

Boris Planer е аналитичар и консултант со 25 години искуство во малопродажбата, FMCG и потрошувачките трендови. Работел за Retail Intelligence (сега дел од Mintel), Planet Retail/Edge by Ascential и WGSN.

Автор е на макроекономски модели за предвидување на пазарот што им помагаат на компаниите да ги идентификуваат инвестициските можности ширум Европа, Азија, Латинска Америка и Африка. Редовен коментатор е во водечки медиуми (Financial Times, The Economist, BBC, Handelsblatt) и чест говорник на глобални настани како World Retail Congress, Retail Week Live и EuroCIS.

About The Speaker

Igor Jokić

Директор за комерцијални операци

Игор Јокиќ е бизнис лидер со повеќе од 15 години искуство во продажба, комерцијални операции и бизнис трансформација во FMCG, дистрибутивната и тутунската индустрија.

Во моментов работи како основач и главен консултант на Velostra, каде што советува компании во областите на комерцијална трансформација, продажна извонредност и дигитализација. Претходно бил директор за продажба и дистрибутивни портфолија во Nelt Група, каде што раководел со организација од над 600 вработени и придонесе кон најдобрите деловни резултати на компанијата во периодот 2022–2024.

Во текот на кариерата, извршувал раководни функции во Philip Morris International, Henkel и Lactalis, водејќи проекти за развој на продажбата, унапредување на дистрибутивните мрежи и дигитална трансформација на бизнисот.

About The Speaker

Огнен Огненоски

Основач и извршен директор на Бизнис Мрежа

Огнен Огненоски е основач и извршен директор на Бизнис Мрежа, водечка платформа за деловна интелигенција и финансиски анализи во Македонија. Со повеќе од 12 години искуство во бонитетна аналитика и управување со податоци, тој изгради најголема корпоративна база во државата, која денес ја користат над 1.500 компании и институции. Сериски претприемач и експерт за деловна интелигенција и економски анализи, Огнен е препознаен како еден од водечките гласови за развој на корпоративната транспарентност и стратегиско донесување одлуки во Македонија.

About The Speaker

Ненад Николовски

Основач на AxisCore Consulting | Експерт за комерцијална стратегија и трансформација на бизнисот

Ненад Николовски е комерцијален лидер и експерт за комерцијална стратегија, business turnaround и развој на продажни организации, со повеќе од 20 години искуство во FMCG индустријата и работа на локални, регионални и глобални пазари.

Кариерата ја започнува во „Дневник“, а во 2001 година се приклучува на P&G, каде во текот на 18 години поминува низ повеќе раководни позиции во продажба, модерна трговија, развој на продажни капацитети, развој на бизнисот, дистрибутерски операции и трејд маркетинг. Работи на пазари во Македонија, Албанија, Косово, Бугарија и Југоисточна Европа, како и на глобални пазари во развој.

По P&G, продолжува како Commercial Director во L’Oréal Србија, а потоа како Chief Executive Officer во Baby Food Factory. Од август 2024 година е Раководител за унапредување на продажните операции во Nelt Group, Србија.

Денес, како Основач на AxisCore Consulting, работи со компании на развој и имплементација на комерцијални стратегии, унапредување на продажните перформанси, развој на дистрибутерски капацитети и business turnaround, со фокус на одржлив раст и развој на луѓето.

About The Speaker

Ray Gaul

CEO Retail Cities

Gaul е соосновач и извршен директор на Retail Cities и светски познат експерт за малопродажна конкуренција.

Кариерата ја започнал како мировник во Украина во постсоветската ера, каде што видел како гиганти како Coca-Cola и Procter & Gamble ја револуционизирале малопродажбата преку ноќ. Инспириран од овие промени, тој специјализирал глобална економија и во последните 20 години ги проучува стратегиските потези на трговците и брендовите. Денес, преку Retail Cities, тој го истражува современиот бран на малопродажни трансформации кои ги тресат глобалните компании.

About The Speaker

Лазар Ѓуров

Основач и водечки консултант и обучувач во Институт СИМБИОТИКА

Проф. д-р Лазар Ѓуров е експерт за лидерство и организациски развој кој повеќе од две децении го проучува, практикува и развива лидерството – од армиски офицер, преку универзитетски професор и истражувач, до консултант кој работи директно со лидери, менаџерски тимови и организации.

Неговиот професионален пат започнува во Армијата – средина во која лидерството не е теорија, туку секојдневна одговорност за луѓето, одлуките и резултатите. Искуството понатаму го надградува преку докторски студии, академска работа и бројни развојни и трансформациски проекти со компании во земјата и странство.

Она по што Лазар е особено препознаен е начинот на кој работи со луѓето. Во препораките на оние со кои работел постојано се повторуваат внимателното слушање, способноста брзо да дојде до суштината, директноста „без шминка“, практичноста и силната интеракција. Неговата цел не е само да пренесе знаење, туку да ги предизвика луѓето да размислуваат, да се преиспитаат и наученото да го претворат во конкретна промена.

Како еден од основачите и водечките консултанти и обучувачи во Институт СИМБИОТИКА (www.simbiotika.mk), со својот тим работи на развој на лидери и тимови, лидерски академии, организациска дијагностика, тимбилдинг, организациска култура и комплексни проекти за организациски развој.

Пристапот започнува со едно суштинско прашање: „Што навистина треба да се промени?“ Без универзални рецепти и непотребна теорија – со фокус на промена што се гледа во секојдневното однесување.

Во основата на неговата работа стои едно силно уверување: вистинскиот лидер не создава следбеници – создава нови лидери. Затоа успехот на лидерот не се мери според тоа колку луѓе го следат, туку колку луѓе растат покрај него, преземаат одговорност и стануваат подготвени самите да водат.

About The Speaker

Полексена Јанкуловска

REGIONAL MARKETING MANAGER, IMLEK GROUP | BIMILK

Полексена Јанкуловска е маркетинг професионалец со повеќе од 15 години искуство во FMCG и млечната индустрија. Како Regional Marketing Manager во Imlek Group, таа го води маркетингот на Bimilk во Северна Македонија, како и маркетинг стратегиите и развојот на бизнисите на пазарите во Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Во својата кариера има значајно искуство во стратешко планирање, развој на бизниси, управување со брендови и категории, иновации и интегрирани маркетинг кампањи, работејќи на развојот на познати брендови како Bitolsko, Moja Kravica и Balans+. Во својата работа ги поврзува разбирањето на пазарот и потрошувачите, стратешкото размислување и комерцијалниот фокус со цел создавање одржлив раст и долгорочна вредност.

About The Speaker

Prof. Dr. Andrej Vizjak

Основач и CEO на АВ.consulting

Проф. д-р Андреј Визјак, словенечки економист и експерт за меѓународна стратегија, има извршувано високи раководни позиции во менаџмент консалтингот (Kearney и PWC) и секторот за брзопотрошни стоки (Mercator, Conrad Electronic, Bertelsmann / RTL Television), а сега ја води компанијата AV.Consulting со седиште во Дубаи. Тој има огромно искуство во реструктуирањето, иновациите и дигиталната трансформација, а советувал и корпорации и меѓународни институции како што е Светската банка. Како редовен професор по деловна администрација на Универзитетот во Ајхштет-Инголштат во Германија, предава за стратегиите на семејните бизниси и менаџментот на промените. Автор е на влијателни теории за вештачката интелигенција и нишните стратегии, има објавено бројни книги на повеќе јазици и е добитник на наградата PwC Advisory Challenge, глобален натпревар за најодржливиот и највлијателен консултантски концепт. Во 2025 година, беше поканет од генералниот секретар на ОЕЦД да ја претстави својата нова книга „Вештачка интелигенција: Од хип до влијание“ пред Глобалниот лидерски тим на ОЕЦД.

 

Првиот Словенец што одржа главен говор на самит на ОЕЦД

Париз, 20 октомври 2025 година – Д-р Андреј Визјак стана првиот Словенец кој одржа главен говор на состанокот на Групата „Пријатели на новите пристапи кон економските предизвици“ (NAEC) при Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Париз. Настанот беше во организација на генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман, кој лично го покани д-р Визјак да учествува.

Во својот главен говор, д-р Визјак го претстави влијанието на вештачката интелигенција (ВИ) врз деловните модели и корпоративната конкурентност, а истовремено ги резимираше клучните наоди од серијата од десет книги за вештачката интелигенција што ги подготвил во текот на претходната година. Презентацијата наиде на исклучително позитивен одѕив, кој се рефлектираше преку бројните прашања од учесниците и силната заинтересираност за понатамошна соработка.

Ова претставува важна пресвртница за Словенија, бидејќи го означува првиот пат кога некој словенечки експерт настапил како единствен главен говорник на официјален настан на ОЕЦД со кој претседавал генералниот секретар на Организацијата.

About The Speaker

Milica Živadinović

Client Service Executive

Поврзувајќи ги макроекономските индикатори со конкретните деловни одлуки во FMCG индустријата, професионалниот пат на Милица Живадиновиќ покажува една клучна вистина: зад секоја успешна одлука стојат квалитетни податоци и вистински увиди. Живадиновиќ е магистер по економија со долгогодишно искуство во статистика, аналитика и меѓународни проекти. Во текот на кариерата работела на пресметка на макроекономски показатели и развој на статистички методологии, а професионално се усовршувала на Универзитетот во Виена и во статистичката канцеларија во Краков. Стекнатото методолошко знаење подоцна го применила во FMCG индустријата, фокусирајќи се на пазарните анализи и разбирањето на однесувањето на потрошувачите. Во моментов работи како Client Service Executive во компанијата NielsenIQ, каде што преку продажба и аналитички увиди им помага на клиентите во донесувањето подобри деловни одлуки.

ПРИЈАВА