Logo

ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ
www.fmcg-summit.mk

Контролор:
ДРП Кликер Маркетинг
ул. Димитар Беровски бр.9, Скопје
+389 2 3067572
dare_us@kliker.mk

Цел на обработка на Вашите лични податоци
www.fmcg-summit.mk е веб страница посветена на годишниот настан FMCG самит во организација на на Кликер Маркетинг. Во моментов, отворена е регистрацијата за учество на FMCG самит 2021, па согласно тоа, целта за обработка на Вашите лични податоци е Вашата пријава за учество на настанот.

Дополнително, со Ваша согласност, Кликер Маркетинг ја собира Вашата e-mail адреса, а со цел испраќање на информации и понуди за идни настани и активности.

Правна основа за обработка на Вашите лични податоци
Обработката на личните податоци за целите на регистрација за учество на на FMCG самит 2021 се врши исклучиво врз основа на Вашата согласност. Вашата согласност можете да ја повлечете во секое време, а нејзиното повлекување не влијае на законитоста на обработката, заснована на дадената согласност пред нејзиното повлекување.

Кои се категориите на субјекти за кои обработуваме лични податоци?
За целите на регистрација на учество на FMCG самит 2021 Кликер Маркетинг ги обработува личните податоци за:

• Физички лица пријавени за учество на FMCG самит 2021
• Физички лица кои дале согласност за директен маркетинг

Кои категории на лични податоци ги обработуваме?
За целите на регистрација на учество на на FMCG самит 2021 Кликер Маркетинг ги обработува следните категории на лични податоци:
Задолжителни податоци за регистрација:
• Име и презиме
• e-mail адреса
Незадолжителни податоци за регистрација
• Компанија
• Работна позиција

За целите на испраќање на информации и понуди за идни настани и активности, Кликер Маркетинг ги обработува следните категории на лични податоци:
• e-mail адреса

Како ги штитиме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци кои се обработуваат за целите на регистрирање за учество на FMCG самит 2021 се обработуваат согласно Законот за заштита на личните податоци и интерните акти за заштита на личните податоци на Кликер Маркетинг.
Кликер Маркетинг презема соодветни сигурносни мерки за заштита од неавторизиран пристап, незаконско откривање или уништување на податоците. Пристапот до личните податоци е ограничен исклучиво на овластени лица, а истиот се дава за цели на обезбедување на непречено функционирање на www.fmcg-summit.mk.

Колку долго ги чуваме Вашите лични податоци?

Вашите лични податоци откриени за целите на учество на FMCG самит 2021, Кликер Маркетинг ги чува се додека не се исполни целта, односно, до завршувањето на самитот. Вашите податоци откриени за целите на вршење на директен маркетинг, Кликер Маркетинг ги чува се додека не ја повлечете согласноста.

Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци Кликер Маркетинг е должен да ги избрише Вашите лични податоци во рок од 15 дена од денот на поднесувањето на Барањето за повлекување на согласноста.

Вашите права

Право на пристап
Вие имате право да побарате од Кликер Маркетинг да Ви обезбеди пристап до личните податоци кои се обработуваат за Вас. Остварувајќи го правото на пристап, можете да добиете податоци за тоа:
• зашто ги обработуваме Вашите лични податоци
• кои категории на лични податоци ги обработуваме за Вас
• дали собираме Ваши лични податоци од други извори, освен од Вас лично
• дали и под кои услови ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни
• колку долго ги чуваме Вашите лични податоци
• дали во нашето работење постои автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи и профилирање

Право на исправка
Вие имате право да побарате исправка и дополнување на Вашите лични податоци. Ова право можете да го остварите во случај кога:
• сметате дека Вашите лични податоци не се точни или не се потполни
• сметате дека Вашите лични податоци треба да бидат доплонети за да се исполни целта заради која се обработуваат

Право на бришење
Вие имате право да побарате од Кликер Маркетинг да ги избрише Вашите лични податоци во случај кога:
• сметате дека Вашите лични податоци не се повеќе потребни односно, целите за нивната обработка се веќе исполнети
• не сте повеќе согласни да ги обработуваме Вашите лични податоци
• имате вложено приговор на обработката на Вашите лични податоци
• сметате дека Вашите лични податоци се незаконски обработени
• малолетен/а сте, претставувате малолетник или сте биле малолетни во моментот кога Вашите лични податоци биле првично собрани

Право на oграничување на обработката
Вие имате право да побарате ограничување (блокирање) на обработката на Вашите лични податоци. Ова право може да го остварите кога:
• ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци
• ја сметате обработката на Вашите лични податоци за незаконска
• сметате дека податоците не му се потребни на Кликер Маркетинг, но потребни Ви се Вам за остварување на други правни барања
• барате верификација за тоа дека легитимните интереси на Кликер Маркетинг преовладуваат над Вашите интереси како субјект на личните податоци

Право на преносливост
Вие имате право да ги добиете Вашите лични податоци во структуриран и читлив формат и да побарате истите да бидат пренесени на друг контролор.

Право на повлекување на согласност
Вие имате право во секое време да ја повлечете согласноста за обработка на Вашите лични податоци. По Вашето барање за повлекување на согласноста, ќе постапиме без одлагање.