FMCG SUMMIT

ЗА САМИТОТ

Петта година по ред, придружете ни се на единствениот FMCG Summit во Скопје - ексклузивно случување во трговскиот сектор во Македонија! На 16 мај, магазинот InStore ја организира најголемата регионална конференција за трговија со стока за широка потрошувачка.Тука ќе слушнете врвни експерти, впечатливи презентации и големи идеи. Драгоцени искуства ќе споделат водечки светски и регионални играчи на динамичниот FMCG-пазар. Нашата главна цел е сите учесници на самитот со себе да понесат барем една нова визија за својот бизнис или да создадат барем едно ново деловно партнерство.
FMCG Summit во Скопје секоја година го посетуваат повеќе од 350 учесници од над 130 компании од земјава. Успешно воспоставената синергија во регионалното работење на магазинот InStore се рефлектира и на досега одржаните самити во Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Словенија. Доколку се соберат сите реализирани FMCG и маркетинг-самити, доаѓаме до значителни бројки:

5

држави

30

самити

11.650

посетители

750

спонзори

328

говорници

И годинава магазинот InStore подготви богата програма со содржини. Ви нудиме домашни и регионални приказни за подобрување на вашиот бизнис во трговскиот сектор, истражувања, размена на идеи, инспирација и дружење, со фокус на темите што во моментов се актуелни:

Состојба, прогноза и реален потенцијал на македонската FMCG-индустрија
Предизвици и предности за малопродажбата во ЕУ
Програма за континуирана обука на вработените
Бизнис-планирање и стратегија за развој и пристап на пазарот
Редефинирање на ценовната еластичност
Мерчендајзинг - in-house или outsoursing
... и многу повеќе.



FMCG Summit Скопје 2019 ќе се одржи на 16 мај, на истата локација, во хотелот „Александар палас“. Бидете таму!

Во организација на:

ГОВОРНИЦИ

Од најеминентните имиња меѓу клиентите и соработниците што магазинот InStore со текот на годините ги собра околу себе, на FMCG самитот оваа година свои презентации ќе имаат:

Matthew

MATTHEW

BROWN

Футуролог за

малопродажба

KEY NOTE говорник на
5. FMCG Summit Скопје 2019

ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПАТУВАЊЕ ВО ИДНИНАТА НА МАЛОПРОДАЖБАТА?

Метју Браун е сопственик на лондонската креативна агенција „Ехочембер“, која од основањето во 1999 година, ги следи иновациите на светските трговски пазари и еволуцијата на потрошувачките трендови. Редовно е главен говорник на глобалните конференции за малопродажба, вклучувајќи го и гостувањето на саемот „Ануга“. „Ехочембер“ укажува на глобалните примери на добра практика и нуди креативна анализа за трговците, помагајќи им да развијат или да се приспособат на светските стандарди врз основа на најзначајните потрошувачки трендови. Агенцијата, на чело со сопственикот, соработува со трговци, како што се „Вестфилд“, „Маркс & Спенсер“ и „Теско“ повеќе од 10 години, помагајќи им да развијат нови концепти и да бидат информирани за актуелните иновации во секторот. Меѓу клиентите на агенцијата се и компании како „Најк“ и „Икеа“, како и гигантите од секторот стоки за широка потрошувачка – „Унилевер“, „Џонсон & Џонсон“, потоа глобални синџири на трговски центри и други.

FMCG Summit Скопје 2019: Дали потрошувачот е центар на ВАШЕТО работење? Купувачите денес се пософистицирани од порано, но и бараат многу повеќе од процесот на купување. На кој начин ги развивате своите малопродажни деловни стратегии и тактики, за да ги задоволите купувачите? Во својата презентација, познатиот британски футуролог ќе ви ги претстави трендовите во малопродажбата во светот. Преку одлична презентација на досегашните искуства, Браун ќе ја прикаже визуелната и услужната трансформација на трговците - што сè прават за да ги задржат купувачите?

ПРОГРАМА

Дали разбираме како иновациите, дигитализацијата, големите бази на податоци и креативноста влијаат на процесите на работење? Како познавањето на трендовите да се претвори во предност на пазарот и да се употреби за зголемување на продажбата? Како да се пронајде формулата за успех на пазарот? Кои се потенцијалите на индустријата и кои потрошувачки трендови ќе ја обликуваат иднината на FMCG-индустријата?

СПОНЗОРИ

КОТИЗАЦИИ

Заокружете го 16 мај во вашите деловни календари и заедно со вашите колеги, пријавете се за учество на настанот на годината!

РЕДОВНА ЦЕНА

165* ПРИЈАВИ СЕ

2-3 УЧЕСНИЦИ

145* ПРИЈАВИ СЕ

4-6 УЧЕСНИЦИ

125* ПРИЈАВИ СЕ

7+ УЧЕСНИЦИ

115* ПРИЈАВИ СЕ

* Цените се без вклучен ДДВ

КОНТАКТ

Организатор:

Кликер Маркетинг

ул. Димитар Беровски бр. 9, Скопје

+389 2 3067 572

Магазин InStore (ДРП „Кликер маркетинг“)