26 oктомври 2023

Александар Палас

Денови
Часови
Минути
Секунди

ЗА САМИТОТ

Придружете ни се на 9-тиот FMCG самит каде се спојуваат иновациите, соработката и успехот!
Со текот на годините, нашиот самит прерасна во непроценлива платформа за споделување искуства меѓу бизнисите кои целат кон раст, бараат инспирација и можности за вмрежување во FMCG секторот.
Зошто не смеете да го пропуштите овој настан?
Затоа што на 26 октомври, во хотел Александар Палас ќе имате шанса да ги чуете искуствата на најиновативните бизниси, воедно и најновите трендови во FMCG индустријата. Инспирирајте се од успешни приказни и дискусии кои отвораат нови хоризонти во бизнисот.
Не ја пропуштајте можностa да присуствувате во првите редови!
Резервирајте го вашето место ВЕДНАШ!

FMCG SUMMIT во Јадранскиот Регион низ бројки:

+ 0
УЧЕСНИЦИ
+ 0
КОМПАНИИ
+ 0
СПОНЗОРИ
+ 0
ГОВОРНИЦИ

RETAIL ПАРТНЕРИ

СПОНЗОРИ

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ

Сопственик и CEO на
Tony Durham Consulting Ltd.

Огнен Костовски

Лидер за дистрибуција во
„Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Калина Медаровска Михајловска

Управител на истражувачката
агенција БРИМА

Дејан Сипковски

Управител и генерален директор
на „БМ груп Македонија“

Бобан Младеновски

Менаџер за транспорт во
„Теско“ – Велика Британија

Себастијан Ренак

Водечки меѓународен ритеил аналитичар

Александар Стевановиќ

Директор за консултантски услуги за секторот на малопродажба за Југоисточна Европа „PwC Croatia“

Емир Ганибеговиќ

Експерт за продажба со долгогодишно искуство во FMCG бизнисот

Драган Јосифовски

Извршен директор и ко-основач на Пакет

Билјана Гонева

Менаџер за комерцијален развој на категоријата FOOD, за С. Македонија и Косово во „Нестле Адриатик“

Икица Павлоски

Kомерцијален директор на „Лион“

Климе Булоски

Извршен директор на „Еуро табак“

bbb

Крешник Бектеши

Министер за економија

Бранко Азески

Претседател на Стопанска комора на С.Македонија

ПРОГРАМА

08:00 - 08:45

  • Регистрација на учесници

08:50 - 10:30

  • Верица Мартиновска Воведно обраќање
  • Огнен Костовски Горди на потенцијалот на македонската малопродажна мрежа
  • Емир Ганибеговиќ – Продажни техники на светските корпорации
  • Калина Медаровска Михајловска – Потрошувачките навики и прифаќањето на нови производи во време на инфлација
  • Sebastian Rennack – Забрзување на промените – предизвици и можности во европската малопродажба во 2023 година +

10.30 - 11.00

  • КАФЕ ПАУЗА

11.00 - 12.30

  • Драган Јосифовски – Иднината на малопродажбата: Како успешно да продавате online
  • Дејан Сипковски – Трендови и алатки за ефективна продажба
  • Билјана Гонева – Shopper & retail trends – чекор напред во новата реалност
  • Бобан Младеновски –  Искуство од „Теско“: Брзината и ефективноста на синџирот на снабдување

12.35- 13.35

  •  ПАУЗА ЗА РУЧЕК

13.35 - 15.00

  • Александар Стевановиќ – Еволуција на потрошувачите, трансформација на трговците
  • TONY DURHAM – Од игри на умот до победи во продажба – Ослободување на моќта на науката за однесувањето во бизнисот
  • Наши херои и најдобри менаџери за набавка

14.55 - 15.15

  • КАФЕ ПАУЗА

15.15 - 16.15

  • ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА -Кој добива, а кој губи со актуелните мерки? Секторот VS Владата

 

Горан Теменугов  – модератор
Крешник Бектеши
Икица Павлоски
Климе Булоски
Бранко Азески

  • 16.15 – 16.25 – Извлекување на добитниците од наградната игра

Што рекоа за самитот

КОТИЗАЦИИ

Заокружете го 26 октомври
во вашите деловни календари
и заедно со вашите колеги,
пријавете се за учество на
настанот на годината!

За 1 лице

199 €

За 2 до 3 лица

177 €

За 4 до 6 лица

155 €

За 7 и повеќе

133 €

Цените се однесуваат на едно лице.
Цените се без ддв.

ГАЛЕРИЈА

2022

2021

2020

2019

2018

2017

2016

2015

Телефон: +389 2 3067 572

ОРГАНИЗИРАНО ОД

info@fmcg-summit.mk

About The Speaker

Тони Дурам

Тони Дурам е еден од светски признатите експерти за психологија и однесување на купувачите. Роден во Велика Британија, тој ја почнува кариерата во 1982 година во Procter & Gamble (P&G), каде што останува да работи 35 години. За време на неговото работење во P&G, Дурам обучувал некои од водечките светски менаџери на брендови за тоа како би можеле да го променат својот бизнис за подобро да ги сфатат потребите на потрошувачите и да го зголемат профитот. Последната деценија од неговата работа во оваа компанија ја обележува неговата работа на позицијата директор на SBD (Shopper Based Design) за регионот на Европа, Индија, Африка и Блискиот Исток.
Следниот голем чекор во неговата кариера е развој на концептот на регионални центри „Прв момент на вистината (FMOT)“, кој има цел да ги подигне стандардите во трговијата преку собирање и користење на најдобри практики и релевантно знаење за однесувањето на потрошувачите. Овие центри станаа место каде што компаниите можат да ја тестираат ефективноста на нивните идеи, користејќи физички инсталации и виртуелна реалност. Денес овие центри се присутни насекаде низ светот и претставуваат важна предност за многу светски компании.
Во 2017 година Дурам основа консултантска компанија, Tony Durham Consulting Limited, со цел да им помогне на компаниите да развијат стратегии и да ги зголемат приходите, користејќи го знаењето што го има за однесувањето на потрошувачите и за психологијата на клиентите. Оваа консултантска фирма нуди услуги и обука на сопственици на компании и менаџери на брендови за психологијата на клиентите и влијанието на различни фактори врз продажбата, како што се: дизајнот на пакувањата, позиционирањето на полиците, рекламирањето и однесувањето на потрошувачите на местото на продажбата.

About The Speaker

ОГНЕН КОСТОВСКИ

Огнен Костовски, Лидер за дистрибуција во компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), роден 1989 година во Скопје, ја започна својата кариера во ФМТКП во 2016та година, како Соработник за распоредување на брендот и координатор за производство. Од 2016та година извршува повеќе функции во секторот Комерцијални операции. Во 2020та година, во периодот на трансформација на ФМТКП со внесување на производите без чад, Огнен е дел од тимот одговорен за поставување на темелите на структурата и организацијата за успешно лансирање на новите производи на пазарот во С. Македонија.
Неговата експертиза лежи во управувањето и развојот на дистрибуцијата, деловните односи и планирањето на дистрибуцијата. Имено, фокусот на Огнен резултираше со успешна транзиција од претходниот модел на дистрибуција кон новиот, најсовремен пристап до пазарот (RTM), обележан со целосна дигитализација на процесот на нарачување и дистрибуција преку имплементација на платформата за е-нарачки.
Дипломирал и магистрирал на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Со цел да го прошири своето знаење преку специјализирано образование, учествува на летни школи во Германија и Холандија, кои ги обработуваат темите поврзани со Проектен менаџмент и Менаџмент во Европската унија.

About The Speaker

КАЛИНА МЕДАРОВСКА-МИХАЈЛОВСКА

Калина Медаровска-Михајловска ги бележи почетоците во своето работно искуство уште во 2008 година како теренски анкетар, што ѝ овозможува спознавање на процесите, полесен увид и запознавање со работата на истражувачката агенција БРИМА. Дотогаш агенцијата работи речиси 20 години на пазарот, а е формирана како прва агенција за истражување во Македонија. До денес успешно има спроведено повеќе од 1.300 анкети во државата. По завршувањето на факултетот, во 2009 година Калина почнува да работи во компанијата. На почеток работи како раководител на проекти, сè до 2021 година, кога станува управител на компанијата. Во текот на 14-ина години работно искуство, се стекнува со магистратура по маркетинг и посетува бројни работилници за лична и професионална надградба.
Како искусен раководител на проекти, најмногу се усовршува во областа за истражување на телекомуникациските услуги, FMCG-секторот како и во областа на социолошките истражувања. Има раководено со бројни квантитативни и квалитативни проекти за повеќе клиенти: „Македонски Телеком“, „Жито лукс“, „А1 Македонија“, „Магрони“, „Прилепска пиварница“, „Пивара Скопје“, „Нептун“, FRA, ОБСЕ, Стопанска банка, Охридска банка, IRI, политички партии, општини, бројни невладини и европски институции.

About The Speaker

Дејан Сипковски

Дејан Сипковски е управител и генерален директор на „БМ груп Македонија“. Во текот на неговата исклучително богата професионална кариера бил на бројни позиции кои генерално се однесуваат на продажба, маркетинг, трејд-маркетинг, менаџирање на тимовите и менаџирање на цели компании. Неговиот ангажман е поврзан со тимска работа, организација, стратегија и планирање логични чекори за подобрување на продуктивноста и/или профитот на организациите.
Седумнаесет години од професионалната кариера Сипковски поминува во „Пивара Скопје“, каде што работи на повеќе позиции – од индивидуален/реонски комерцијалист до национален КА-менаџер. Дел од неговите заслуги на последната позиција во „Пивара Скопје“ е учеството во отворање и развој на секторот и тимот за менаџирање на каналот НКА/ЛКА. Во 2011 година му се придружува на тимот на „Молсон корс“, создаден за развој на компанијата во таргетирани региони во Европа преку директна продажба и лиценцирано производство. Активно учествува и како консултант во процесот на аквизиција на „Стар бев“, особено за пазарите на Србија („Апатинска пивара“) и Бугарија („Каменица“).
Во неговото професионално потфолио се вклучени и позициите менаџер за продажба во „Лакталис груп“ (од 2014 до 2016 година); комерцијален директор на „Сара фешн“ (од 2016 до 2020 година) и менаџер за продажба и маркетинг во „Суташ“ (од 2020 до 2022 година).
Повеќе од 30 години билјардот и снукерот се хоби на Сипковски. Во периодот на активно играње тој е најуспешниот и најтрофеен билјард-играч во Македонија, со освоени над 200 трофеи за први места во земјата и во регионот. Од 2022 година е претседател на Билјард-федерацијата на РС Македонија, а е активен и во бордот на Балканската билјард-асоцијација.

About The Speaker

Бобан Младеновски

Бобан Младеновски е менаџер за транспорт во „Теско“ – Велика Британија, малопродажна компанија број еден на британскиот пазар, со пазарен удел од 27,3% и повеќе од 300.000 вработени.
Тој има завршено Правен факултет во Скопје и е при крај со изучувањето на британското право со специјалност за Англија и за Велс на универзитетот АРУ – Лондон. Неговото (не)формално образование опфаќа и фандрејзинг, работа со правна база на податоци на Обединетото Кралство – „Вестлоу“; сертификати од продажба и од менаџмент; сертификат од Националната здравствена служба на Велика Британија за управување во кризни ситуации.
Професионалната кариера на Младеновски почнува како офис-менаџер во „Менс легис“, Скопје (од 2004 до 2006 година). Следните позиции се: менаџер на тим и одговорен за продажба во „Диро“, Скопје (од 2006 до 2009 година); менаџер на дилерска мрежа во „Киа моторс“ – Македонија (од 2009 до 2011 година); супервизор во „Тун папирус“, Скопје (од 2012 до 2014 година) и сопственик и менаџер на „СМБ груп инт.“, Скопје (од 2014 до 2017 година).
Пресврт во неговата кариера е туристичката посета на Велика Британија во 2016 година, кога стапува во контакт со менаџер во „Лидл“. Следува ангажманот како специјалист за работење на магацин во „Лидл“ – Велика Британија (2017 година). Истата година преминува во „Теско“, каде што најпрвин работи како магацински соработник, а потоа и како координатор во магацин и менаџер во дистрибутивен центар. Од мај годинава тој е менаџер за транспорт во „Теско“ – Велика Британија, со примарен фокус да овозможи безбедна, брза и ефикасна услуга за маркетите, запазувајќи ги сите законски регулативи.

About The Speaker

Себастијан Ренак

Себастијан Ренак е меѓународен аналитичар во водечкото неделно издание за стоки за широка потрошувачка и малопродажба во Германија, Lebensmittel Zeitung (LZ).
Се опишува себеси како германски иселеник кој работел и живеел речиси 20 години на пазарите во развој во Европа. Таму тој давал длабоки увиди во малопродажниот пазар комбинирајќи стратешки перспективи, аналитика и практично искуство во продажбата.
Тој во својата работа посветува посебно внимание на идентификацијата и следењето на локалните трговци-херои во регионот кои динамично се развиваат и „поминуваат под радарот“ за повеќето клиенти. Тоа е шанса за многу помали производители на FMCG да ги преориентираат своите стратегии кон клучните клиенти во регионот на Централна и Источна Европа.
Со фокус на овој географски регион, тој е исто така одговорен и за ланецот на дисконтери, имајќи го фактот дека и самиот доаѓа од малопродажба.

About The Speaker

Александар Стевановиќ

Александар Стевановиќ е директор за консултански услуги за секторот на малопродажба за Југоисточна Европа „PwC Croatia“, со одговорност за раководење на деловните консултантски услуги за секторот за малопродажба и стоки за широка потрошувачка за Југоисточна Европа. Тој е задолжен за развој на овие области низ целиот регион, поддршка на компаниите во создавањето нови вредности и подобрување на нивните перформанси.

Деловно искуство во мрежата на PwC стекна од 2010 до 2018 година, кога раководеше со бројни стратешки и оперативни проекти специјално за клиенти од секторите за малопродажба и стоки за широка потрошувачка во Југоисточна Европа. По PwC, тој ја продолжи својата деловна кариера во Nelt Group, една од најголемите регионални компании за дистрибуција и логистика на стоки за широка потрошувачка и фармацевтски производи, каде како член на Извршниот одбор беше задолжен за креирање и спроведување на стратегијата на групацијата и беше одговорен за оперативна извонредност, податоци за управување, дигитална трансформација и управување со проекти.
Досега успешно реализираше значителен број проекти насочени кон подобрување на корпоративните перформанси на компаниите од различни индустрии, но со најголем фокус на FMCG, малопродажбата и фармацевтската индустрија во својство на регионален директор на одделот за бизнис консултации на PwC.
Александар е дипломиран економист кој своето образование го стекнал на Економскиот факултет на Универзитетот во Ниш, Србија и на Универзитетот на Алабама во Хантсвил, САД.

About The Speaker

Емир Ганибеговиќ

Роден е во 1973 година, во Градачац, Босна и Херцеговина. По професија е дипломиран економист. Во својата професионална кариера работел за корпоративни брендови како: Kraft Jacobs Suchard (Milka, Toblerone, Jacobs Solutions Inc), VARTA, General Electric Company. Во текот на својата кариера, тој ја обавувал функцијата National Sales Manager за: Hugo Boss, Max Factor, Gucci, Rochas, Procter&Gamble, компанијата MARSCorp за регионите: Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија.

Во 2017 година основа сопствената консалтинг компанија и ги обучува продажните кадри на регионалните компании за успешен пласман на европски пазар. Истовремено тој активно застапува домашни брендови и им помага да се пробијат на меѓународните пазари. Потесна специјалност му се обуките за продажба преку еднодневни и повеќедневни обуки, теренски едукации, индивидуална работа или работа во група, обука на кадар за продажни агенти, супервизори за продажба, КАМ (Key Account Managers) и менаџери за продажба. Живее и работи во Сараево.

About The Speaker

Драган Јосифовски

Драган Јосифовски е извршен директор и ко-основач на Пакет, еден од водечките македонски бизниси за е-трговија. Од своето основање во 2018 година, Paket брзо еволуираше за да стане водечки онлајн супермаркет во земјата, поставувајќи нови стандарди во оперативната ефикасност и услугите на клиентите.

Под водство на Драган, Пакет даде приоритет на технолошките иновации, што резултира со беспрекорна интеграција на напредни веб-технолошки решенија, сеопфатни системи за исполнување и ефикасни механизми за испорака. Овој фокус на оптимизација на инфраструктурата и процесите уникатно го позиционираше Paket како лидер на пазарот, нудејќи неспоредливо искуство за купување за своите клиенти.

Едуциран на Imperial College во Лондон, за стратегиски маркетинг, Драган го примени своето искуство за да ги поттикне стратешките иницијативи на Пакет, осигурувајќи дека компанијата останува приспособлива, ефикасна и во првите редови на македонскиот пејзаж на онлајн малопродажба.

About The Speaker

Билјана Гонева

Билјана Гонева е Менаџер за комерцијален развој на категоријата FOOD, за С. Македонија и Косово во Нестле Адриатик дооел Скопје.
Академско образование стекнува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје каде што дипломира на Економскиот факултет на отсекот за маркетинг.

Во 2014 година, како дел од нејзината професионална едукација, се стекнува со диплома од бизнис-школата Mercuri International во Загреб, на програмата за професионална
продажба и преговарање.

Нејзината 16–годишна професионална кариера вклучува искуство во FMCG индустријата работејќи со брендовите Franck kafe, Argeta, Naјlepse zelje, Smoki, Milka, Jacobs работејќи на позиции во областа на трејд маркетингот и продажба.

Нејзиниот моментален ангажман е во Нестле Адриатик дооел Скопје, каде што од 2018 година е Менаџер за комерцијален развој на категоријата FOOD, за пазарите Македонија и Косово. Нејзиниот фокус во овој ангажман е врз купувачот (shopper-от); водство на категоријата преку раст и платформи за активирање на растот и нивно илустрирање преку иновации; соодветен road to market, pricing и промовирање и комуникација со купувачот (shopper-от). Учествува во креирањето на стратегии во соодветните продажни канали прилагодувајќи ги на конкретните пазари, и поттикнува и прилагодува стратегии за профитабилност кои се применуваат во месечните, односно кварталните иницијативи.

About The Speaker

Икица Павлоски

Икица Павлоски својата кариера ја гради во FMCG-индустријата повеќе од 18 години.
Кариерата ја почнува како менаџер за клучни купувачи во „Мако маркет“ каде што се задржува речиси две години. Работното искуство го надградува во „Еуротрејд“ прво на позицијата супервизор, а потоа е унапреден во директор за продажба. Во оваа компанија се задржува пет години. По речиси две години работи во компаниите „Медикус хелп“, „АВТ интернационал“ и „Тотал логистик“. Околу 4 години работи и во малопродажбата, како менаџер за продажба на мало во „Гранап“. Во 2019 година се вработува во „Лион“ Свети Николе како комерцијален директор и директор за продажба.

About The Speaker

Климе Булоски

Климе Булоски е магистер по машински науки и докторант на тема менаџирање на стратешки промени во компаниите. Формалното обрзование го има надополнето со учество на обуките Leadership Training Development Program при Tokyo Kenshu Center во Јапонија и Executive Development Program при Kellogg Business School of Management во Чикаго, САД.
Од 2002 до 2016 година своето работно искуство го гради во сопствени и партнерски компании за производство и продажба.
На тимот во „Еуро табак“ се приклучува во 2016 година како директор за продажба и маркетинг и на оваа позиција е до мај 2023 година, кога ја презема позицијата извршен директор во компанијата.

About The Speaker

Бранко Азески

Бранко Азески е првиот човек на стопанска комора веќе 17 години. Со кариера која вклучува политика, бизнис и дипломатија, неговата биографија е доказ за лидерство.

Почнувајќи како претседател на Републичката конференција на Сојузот на комунистичката младина на Македонија во 1986 година, Бранко брзо преминува во бизнис секторот. Беше извршен директор на „Сломер -. Слобода – Меркур“, претседател на Македонија пат, а подоцна и генерален менаџер на Хотел „Александар Палас“.

Посветеноста на Бранко за развојот на својата земја беше очигледна во неговата улога како член на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на нашата земја и како претседател на Сојузот на балканските комори во 2006 и 2014 година. Одигра клучна улога во управувањето на Шпаркасе Банка.

Во 2005 година Бранко Азески стана претседател на Стопанска комора на Северна Македонија, улога која и понатаму посветено ја извршува.

ПРИЈАВА