Десет години по ред магазинот InStore е партнер на целокупниот FMCG сектор на македонскиот пазар. Мисијата за поддршка и едукација на компаниите oд секторот години наназад ја остваруваме и преку организација на најголемиот Трговски настан FMCG SUMMIT Skopje.
И оваа година продолжуваме со заложбите и по седми пат за малопродажниот сектор на нашиот пазар го организираме FMCG Summit Skopje, по втор пат со онлајн издание.
Десет говорници на актуелни теми ќе зборуваат за проблематиките кои го засегаат секторот, за начините како да се направи разлика, како мудро да се делува на сите предизвици, како да се употребат проверени практики, но и како да се опстои во несигурни времиња кои стануваат константа во работењето и конечно како да се има победничка визија.
Говорници на самитот ќе бидат етаблирани професионалци од земјава, регионот и странство кои преку своите презентации ќе говорат на актуелни и предизвикувачки теми за целокупната малопродажна индустрија. Не очекуваат теми за иднината на малородажбата, трендови во продажбата, е -трговија, логистика , HR итн.
Настанот е наменет за трговци, производители, дистрибутери, за придружната индустрија и за сите професионалци од секторот.
Се гледаме на 28 октомври онлајн на FMCG Summit – Настан за професионалци од малопродажниот сектор кои веруваат во визија и лидерство. Настан за оние кои умеат да направат разлика!
Држави
5
говорници
503
спонзори
1010
самити
46
учесници
18400
Jean Jacques Vandenheede е футуролог и експерт за трендови во малопродажбата, со претходно долгогодишно искуство како виш аналитичар во „Нилсен“. Според него, малопродажбата е хиперконкурентна и менаџерите секогаш се „на работ“, но истовремено, малопродажните компании се многу традиционални и конзервативни, се двоумат да зачекорат надвор од удобната зона. Четвртата индустриска револуција ги предизвика основите на трговскиот бизнис-модел. Таа ги охрабрува трговците да се осмелат да бидат посебни и уникатни и да влезат во една голема авантура за да бидат успешни во светот што доаѓа.
Ray Gaul e ко-основач и извршен директор во Retail Cities
Професор и раководител на Институтот за агроекономика на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје (УКИМ)
Професор по маркетинг на CBS
Директор за развој на бизнис, основач на „Sales & Business Consulting“ во Србија
Директорка на компанијата „Мамас“ (Mama’s) во Австрија
Менаџер за комерцијални операции во Филип Морис ТКП ДОО Скопје
Партнер и еден од основачите на „ Adizes Southeast Europe “ (ASEE)
Генерален директор на компанијата „Бамби“
Генерален директор на „Атлантик трејд“
Генерален директор на „Кожувчанка“
Менаџер за развој на бизнис стратегии во „Thrivity“
• Верица Мартиновска - Воведно обраќање
• Илина Бакев - Како успешно да го позиционирате вашиот бренд на австрискиот пазар? - преку искуството на Mama's
Q&A
• Селма Кадиќ Маглајлиќ - AI во продажните канали
Q&A
• Ray Gaul – Поглед на малопродажбата во 2022г.- инфлација, енергетска ефикасност и натрупување на залихи
Q&A
• Душан Рангелов - Интегрирани Go to market стратегии - промена на играта
Q&A
• Петар Бошкоски - B2B(2C) дигитализација
Q&A
• Александра Мартиновска Стојческа - Одржливи системи на храна
Q&A
• Jean Jacques Vandenheede - Четврта индустриска револуција во малопродажбата
Q&A
• Драган Стајковиќ -Интервју „Bambi - од регионален бренд до глобален играч“
• Борис Вукиќ - Транзиција на семејните компании во ex YU регионот
Q&A
• Online дискусија -Професионален менаџмент или традиционално семејно раководење? Или-или за семејните бизниси
• модератор Борис Вукиќ
• учесник Перица Вичишки, „Атлантик група“
• учесник Јанинка Чупаркоска, „Кожувчанка“
• учесник Дејан Ваневски, „Thrivity“
Донирај и стани СОС Пријател